Строги правила што треба да ги следат гостите на Мет гала

Телефоните се строго забранети, гостите не смеат да ја одбијат поканата – во спротивно, никогаш повеќе нема да бидат поканети. Кои други правила ги следат гостите на престижниот настан?

strogi-pravila-shto-treba-da-gi-sledat-gostite-na-met-gala01.jpg

Мет галата е можеби најважниот настан во модната индустрија кој се одржува секоја година во музејот Метрополитен во Њујорк.

Со настанот се одбележува отоврањето на годишната модна изложба на Институтот за костуми во музејот, а на свеченоста присуствуваат некои од најпознатите и најмоќните луѓе во светот.

На настанот може да присуствуваат само оние што добиле покана, а притоа треба да следат неколку строги правила.

Дел од нив во продолжение:

Не смеат да внесуваат телефони

Телефоните не биле проблем на Мет галата, сè до појавата на уредите со камера. Всушност, настанот е обвиен со мистерија бидејќи никој од присутните не смее да фотографира.

Забраната за телефони важи од 2015 година, по наредба на Ана Винтур. Сепак, повремено некои гости го прекршуваат правилото.

„Користењето телефони за фотографирање нема да биде дозволено на галата. Причината за ова е безбедноста и уживањето на гостите“, имаат изјавено организаторите.

Нормално, од настанот има фотографии, но направени се од професионални фотографи кои се најмени за таа цел.

strogi-pravila-shto-treba-da-gi-sledat-gostite-na-met-gala-02.jpg

Гостите мора да седат на местото назначено за нив

Секој поканет гостин има точно одредено место на коешто треба да седи и не смее да го промени, наводно бидејќи организаторите вложуваат многу време во планирањето на распоредот.

Според еден од организаторите на настанот, цел тим работи на распоредот на седење уште од декември, а настанот се одржува во мај.

„Според нас, идеално е еден до друг да седат луѓе кои се слични, но самите можеби не сфаќаат дека имаат многу заеднички работи.

За секоја личност што ја каниме, размислуваме за што би можела да разговара на настанот“.

strogi-pravila-shto-treba-da-gi-sledat-gostite-na-met-gala-03.jpg

Забранета е одредена храна

Ана Винтур е главниот организатор на настанот уште од 1995 година и очигледно внимава и на најмалите ситници.

Па така, гостите не смеат да јадат храна како кромид и лук бидејќи предизвикува лош здив.

Наводно, главната уредничка на Vogue поставила забрана и за служење магдонос бидејќи постоела „опасност“ на некој да му остане парче на забите.

Според некои извори, и самите гости се толку загрижени за тоа дали ќе им мириса здивот, што воопшто не ни јаделе на настанот, без разлика што им се служат неколку луксузни оброци.

strogi-pravila-shto-treba-da-gi-sledat-gostite-na-met-gala-04.jpg

Пушењето е строго забрането

Очигледно, пушењето во музејот Метрополитен е забрането, но гостите не смеат да пушат и надвор од музејот.

А, ако некој од гостите го прекрши правилото, може да биде избркан и никогаш повеќе да не добие покана за настанот.

Сепак, низ годините се појавиле неколку фотки од познати личности кои се криеле во тоалетот за да запалат цигара.

strogi-pravila-shto-treba-da-gi-sledat-gostite-na-met-gala-05.jpg

Гостите мораат да го почитуваат дрес кодот

Како што спомнавме, со Мет галата се одбележува отворањето на изложбата на костуми во музејот. А, темата на изложбата ја диктира и темата на Мет галата.

На пример, во 2023 година изложбата беше во чест на Карл Лагерфелд и беа изложени негови креации. Па, гостите носеа креации инспирирани од него.

Интересно е што Ана Винтур лично гледа дел од креациите што ќе ги носат гостите.

Нормално, нема време да ги провери сите, но доколку не ѝ се допаѓа нешто или смета дека не е соодветно на темата, може да побара од гостинот да се појави со нешто друго.

strogi-pravila-shto-treba-da-gi-sledat-gostite-na-met-gala-06.jpg

Гостите не смеат да ги допираат изложените експонати

Креациите и експонатите што се изложуваат во музејот се скапи, а имаат и историска вредност.

Така што, гостите можат да ги разгледуваат, но никако не смеат да ги допрат.

Ако некој допре што било, може да биде избркан од настанот.

strogi-pravila-shto-treba-da-gi-sledat-gostite-na-met-gala-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

7 ситници за кои гостите ќе ви замерат (но нема да ви ги кажат во лице) За влакната од милениците на мебелот, за тоа што ги „криете“ од нив слатките кои...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...
8 правила за бон-тон однесување на плажа, кои културните луѓе ги знаат и во сон Не ги преместувајте лежалките од бич барот кадешто престојувате на начин кој вам...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg