Авторката Амела М. Апостоловска со иницијатива за подигнување на свеста за лицата со попреченост

Амела Мемиш Апостоловска автор на книгата „Гласот од тишината“ и основач на Здружението за личен развој, едукација и психолошка помош и поддршка ГЛАСОТ ОД ТИШИНАТА-СКОПЈЕ заедно со Здружението на граѓани Куќа на Среќата повторно ја активираат инклузивноста и покревање на свесноста „Сончогледи кон сонцето за видлива и невидлива попреченост“ кое има за цел подигнување на свеста за лицата со попречености преку инклузивната лента која ќе ја носат лицата со тешкотии во развојот.

avtorkata-amela-m-apostolovska-so-inicijativa-za-podignuvanje-na-svesta-za-licata-so-poprechenost01.jpg

Во прилог ви доставуваме дел од активностите од овие денови, Амела М. Апостоловска во соработка со Куќа на Среќата ве повикуваат сите вас родители на лицата со тешкотии во развојот да се активирате во носењето на инклузивните ленти кои бесплатно се праќаат до вашиот дом со картичка.

Во прилог следат делови од групите во кои се споделени активностите, но и првиот успех од тоа.

Денес имав прилика со многу индивидуи, вклучувајќи го персоналот во Веро Џамбо да поразговараме за симболот и тоа што мојот син го носи, едукацијата која има ја дадов ја прифатија со радост и исполнетост и голема благодарност искажаа за во иднина дека ќе го запазуваат тој дел.

Ако интеграција е да се прифатат лицата со тешкотии во развојот, а инклузија е да се учествува во истото“, може да се заклучи дека стручното образование и општеството во нашата држава е повеќе интегративен отколку инклузивен процес за кои се потребни интервенции и преземање мерки за инклузија на лицата со видливи и невидливи тешкотии. Мерките и интервенциите кои треба да се преземаат се однесуваат не само на образовните институции туку и на општествените, вклучувајќи го училиштето и целокупното население.

Образовните и општествените институции како носители на политиките на воспитно-образовниот процес, треба да преземат чекори со цел на прифаќање на подобрување на инклузијата почнувајќи од рана зрелост па се до средното образование. Чекорите треба да одат во изготвување стратегија за инклузија на лица со посебни симбол-сончоглед, кој ќе иницира дека лицето е со невидлива попреченост и како нивни потреби во понатамошното функционирање и препознавање од страна на населението со кое ќе бидат опкружени во текот на нивното движење како задолжително ниво. Стратегијата ќе ги определи критериумите за нивото на попреченост за целосна инклузија, односно ограничувањето на инклузијата во однос на степенот/нивото на попреченост.

avtorkata-amela-m-apostolovska-so-inicijativa-za-podignuvanje-na-svesta-za-licata-so-poprechenost-02.jpg

Здружението за личен развој, едукација и психолошка помош и поддршка Гласот Од Тишината-Скопје заедно со Здружението Куќа на Среќата ќе ги проектира и стандардизира процедурите за идентификување и следење на лицата со попреченост како и лицата кои не поседуваат никаква попреченост. Ќе се изнајде модел за обезбедување дефектолог во секое училиште како составен дел од тимот за инклузивно образование, за обезбедување помош на наставниците за работа со ученици со посебни образовни потреби.

Едукација на сите родители за лентите Сончогледи на видлива и невидлива попреченост,а наставниците, психолозите и Здружението за личен развој, едукација и психолошка помош и поддршка ГЛАСОТ ОД ТИШИНАТА-СКОПЈЕ во соработка со Здружението Куќана Среќата која ќе ги произнесе правата на лицата ќе бидат клучен фактор во реализацијата на наставниот и општествениот процес, ќе се фокусираме на соработка со тимот за училишна инклузија, како и со целокупното население со цел пренесување на искуствата и напредокот на лицата со попреченост воедно и соработка со родителите која ќе игра голема улога во постигнувањето на зацртаните цели со лицата со видлива и невидлива попреченост.

Инклузијата е поим што многу често се поврзува со лицата со попреченост, односно со учениците со „посебни образовни потреби“, но треба да се потенцира дека инклузијата се однесува на образование на сите деца и млади лица вклучувајќи ги и возрасните. – автор Амела М. Апостоловска

avtorkata-amela-m-apostolovska-so-inicijativa-za-podignuvanje-na-svesta-za-licata-so-poprechenost-03.jpg

Вториот ден веќе поактивно се стапи со едукација.

Почитувани Здружението за граѓански активизам, хуманизам и социјална инклузија Куќа на Среќата и Здружението за личен развој, едукација и психолошка помош и поддршка Гласот од тишината – Скопје заеднички се во активно вклучување за заедницата и заштита од дискриминација преку иницијативата СОНЧОГЛЕДИ КОН СОНЦЕТО. ЗА ВИДЛИВА И НЕВИДЛИВА ПОПРЕЧЕНОСТ.

Секое лице/дете има право да расте и да се образува во средина во која владее рамноправност, која е ослободена од каква било форма на дискриминација во поглед на раса, боја, пол, јазик, религија, политичко или друго мислење, национално, етничко или социјално потекло, имотен статус, статус на онеспособено лице, статус според раѓање или друг статус.

Важно е да се разбере дека носењето на симболот СОНЧОГЛЕД кој е заштитен знак за лицата со тешкотии во развојот видливи и невидливи со еднакви стартни позиции ќе значи секогаш социјално прифаќање и еднакви можности. За жал некои деца и семејства можат да бидат поинаку третирани и/или да бидат дискриминирани, бидејќи некои практики се толку вкоренети во политичкиот систем и културата на една нација што повеќето луѓе не се ни свесни за нив, особено ако тие самите ѝ припаѓаат на доминантната култура, но затоа со оваа иницијативата ќе бидеме уште поактивни, уште по видливи и ќе бидат вклучени едукации, работилници и обуки на секој жител во нашата држава.

avtorkata-amela-m-apostolovska-so-inicijativa-za-podignuvanje-na-svesta-za-licata-so-poprechenost-04.jpg

Друг начин на кој лицата се соочуваат со дискриминација е преку самата програма и материјалите што се користат несоодветно со недоволна едукација и обука на населението вклучувајќи го и училиштето и училницата. Некои лица никогаш немаат можност да се видат себеси, своите семејства или заедници отсликани во сликите, учебниците или детската литература, затоа со оваа иницијатива целта е да се достигне сето она што со години се чекало.

Добар начин да се стане свесен за тоа како личните верувања, ставови и искуства влијаат врз општественара практика е да се забележуваат и менуваат личните реакции на разни ситуации и поединци преку имплементирање на симболот СОНЧОГЛЕДИ КОН СОНЦЕТО.

Ваквата перспектива овозможува, наместо обвинување на родителите, да се бараат алтернативни начини за вклучување на сите семејства во општествениот процес на препознавање на симболот сончогледи кон сонцето на видлива и невидлива попреченост.

Лентите кои се достапни во моментов се бесплатни и се со картичка на која ќе има верификација печат и може да се нарачаат во порака - автор Амела М. Апостоловска во соработка со Куќа на Среќата

Третиот ден се излезе на терен.

Здружението Куќа на Среќата и Здружението за личен развој, едукација и психолошка помош и поддршка Гласот од тишината – Скопје сакаме да изразиме голема благодарност до Црквата Света Троица – Долно Лисиче и Отец Oliver Petrovski, воедно и до Црквата Свети Петар и Павле-Горно Лисиче, како и Дел опфатен од зградите во Ново Лисиче во прилог ви доставуваме слики и текст кој е пожелно да го прочитате.

Со оваа иницијатива Сончогледи кон сонцето за видлива и невидлива попреченост која е со цел за покревање на свесноста за лицата со тешкотии во развојот кои носат инклузивна лента исто така и многу полесно ќе ги поднесуваат и надминуваат недостатоците од кој било вид со помош на прикачените постери во кој секој минувач ќе има можност да прочита. Во ситуација во која станува збор за лице кое трага по својот идентитет, состојбата е комплексна бидејќи истото тешко се помирува со фактот дека некои работи нема да може никогаш да ги извршува самостојно во животот. Кога ваквите состојби се однесуваат на лице со попреченост, недостатокот претставува посебна траума, затоа што лицето уште како дете пред да го започне чекорот кон својот животен пат, често забележува дека не може да прави повеќе работи кои ги прават неговите врсници.

Во овој контекст, индивидуализацијата доаѓа до израз, при што под индивидуализација не се подразбира само адаптирање на новонастаната состојба,туку и суптилна поддршка преку низа постапки и методи кои ќе можат да им помогнат на овие лица. Функционалната развојна способност претставува развивање на дадените способности кои ги поседува детето, со тоа што тие ќе се стават во функција на негов понатамошен развој и образование и вработување, воедно и предност на услужување во која било средина да се наоѓа. За да се постигне функционално развивање на способностите, за лицата со тешкотии во развојот изработивме програма која својата содржина ќе ја базира на препознавање на инклузивните ленти со препознатливото лого Сончогледот.

avtorkata-amela-m-apostolovska-so-inicijativa-za-podignuvanje-na-svesta-za-licata-so-poprechenost-05.jpg

Ваквата инклузивна програма која во себе инкорпорира адекватни методи и модели на работа, на општеството ќе му овозможи да помогне тоа што може, а на тој начин, постепено ќе ги развива своите способности и ќе ги адаптира потребите на лицето кое ја носи својата инклузивна лента со картичка со податоци. Токму поради тоа, неопходно е да се напомни дека функционалното развивање на способноста се базира повеќе на примена, работа, активности отколку на теоретско учење, помнење и репродуцирање.

Ова ќе покажува тенденција да се научи визуелно, на тој начин може личноста која го видела да ја согледа целата слика, нејзиниот почеток, средината и крајот.

Преку инклузивната лента Сончогледи кон сонцето со својата картичка ќе покажува во селектирањето на ирелевантната дразба и фокусирањето кон битната информација (координација меѓу приемот и одговорот на дразбите на лицето со тешкотии во развојот).-автор Амела М. Апостоловска во соработка со Куќа на Среќата

avtorkata-amela-m-apostolovska-so-inicijativa-za-podignuvanje-na-svesta-za-licata-so-poprechenost06.jpg

Иницијативата на овој пост е да се вклучите во поголем број на граѓани во поддршка и препознавање на инклузивната лента.

Во иднина ќе се организираат и едукации и обуки.

Амела М. Апостоловска и Здружението за личен развој, едукација и психолошка помош и поддршка ГЛАСОТ ОД ТИШИНАТА-СКОПЈЕ има склучено меморандум за соработка со ЗЕЛС за инклузивно образование.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg