Станете горд АИЕСЕК-овец

stanete-i-vie-del-od-edna-nezaboravna-prikazna-povekjeПод слоганот „1 Искуство. 1000 Можности“ студентската организација АИЕСЕК од Скопје ја започнува овогодинешната регрутација за членови и...


...студенти кои се подготвени да одат на интернационална размена.

Зошто да станете дел од оваа организација?

stanete-i-vie-del-od-edna-nezaboravna-prikazna-1

Во нашава земја многу е тешко да најдеш добро работно место доколку немаш никакво искуство надвор од факултетот. Затоа, со време активирајте се!

АИЕСЕК е совршеното место за сите оние кои сакаат да ја разбијат монотонијата на секојдневниот студентски живот. АИЕСЕК е местото кое ќе ви овозможи да ги стекнете своите животни пријатели. Ќе поминете низ бројни искуства и ситуации кои ќе ве научат како полесно да ги совладате препреките кога ќе се соочите со реалниот бизнис живот во земјава и надвор.

Ова се само дел од причините кои ќе ве мотивираат и вие да станете дел од оваа организација:

- Проактивност и можност да правите нешто повеќе додека сте студент

- Ќе стекнете огромен број на пријатели во земјава и во целиот свет. Кога ќе сакате понатаму да отпатувате некаде нема да се мислите каде да се сместите и кој да ве прошета. АИЕСЕК – овците имаа т широко срце и огромна желба за споделување искуства, за дружење и учење нови нешта.

- Можност да работите на проекти, да комуницирате со бизнис секторот, да научите како се подготвува конференција, да стекнете лидерски способности

- Можност да бидете дел од барем неколку од 470-те АИЕСЕК конференции кои се одржуваат насекаде низ светот во текот на една година! Тие секогаш нудат многу знаење, забава и незаборавна авантура за своите членови. Мотото на АИЕСЕК е „Work hard, party harder“!

- Можност да заминете на практична работа било каде во светот!

Глобалната мрежа на АИЕСЕК брои повеќе од 114 земји и региони во светот, а лидерите на сите земји членки, а воедно и нивните членови, го сочинуваат најголемото младинско движење на планетата.

Кој може да стане член на АИЕСЕК:

- Секој студент (не само од Економски факултет), напротив, нашата канцеларија е на Економскиот факултет во Скопје и во Прилеп, но може да стане член секој што има желба! Освен за студенти, отворени сме и за дипломци кои сакаат да заминат на пракса во странство!

Како да се зачлените:

На некој од нашите инфо штандови на факултетите или аплицирајте на http://aiesecskopje.org.mk/

Станете фан на нашата страница на Фејсбук: https://www.facebook.com/pages/AIESEC-Skopje/115551373622

Бидете дел од првиот Информативен состанок кој ќе се одржи во вторник 27.09.2011 во 18:00 часот, во Амфитеатар 4 на Економски факултет во Скопје.

Линк до настанот на Фејсбук: https://www.facebook.com/pages/AIESEC-Skopje/115551373622#!/event.php?eid=117753168330067

Направете промена, бидете дел од организацијата која функционира како едно, организацијата која ќе ви го промени животот, ќе ве направи похрабри, поискусни и поуспешни.

stanete-i-vie-del-od-edna-nezaboravna-prikazna-2

stanete-i-vie-del-od-edna-nezaboravna-prikazna-3

stanete-i-vie-del-od-edna-nezaboravna-prikazna-4

stanete-i-vie-del-od-edna-nezaboravna-prikazna-5

Станете и вие горд АИЕСЕКОВЕЦ!

Би можело да ве интересира:

„Дама се раѓа, браво девојко“ – Нашата Барбара Поповиќ го воодушеви регионот со настап во српско муз... „Е, ова е пример како треба да изгледа и звучи пејачка. Значи можело да изгледа ...
Модата на црвениот тепих на „Браќа Манаки“ - Ана Стојановска издоминира со оскаровски гламур, Дани Ѓ... Актерката Ана Стојановска носеше здолниште и топ од дизајнерката Елена Лука, Мил...
Калтрина како Ким Кардашијан: Облечена само во бисери Нашата Калтрина Крезиу повторно изненади со заводливи фотографии, во кои бисери ...
Денес се слави светиот Апостол Матеј – Што треба да направите ако имате долгови? Именден слават Матеј, Матеја, Мате... Кој бил светиот апостол Матеј и што треба ...
Потег за поздрав! Македонска фитнес инструкторка нуди бесплатни тренинзи за заболените од рак „До оваа идеја дојдов откако прочитав една статија поврзана со важноста на вежба...
Ксенија Николова за борбата со неплодноста: „Станав опседната со очекувања и прогнози, отсега живеам... „Слушајте си го телото, верувајте им на сите знаци што ви ги праќа. Ако вели не,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg