Рецепт за здрави, лесни и посни колачиња од таан и урми
-->
Комбинацијата од таан и урми, надополнета со какао во прав, ќе ви даде одличен десерт кој веруваме дека ќе сакате да го правите повторно и повторно.
Таанот е одличен извор на хранливи влакна, витамини и минерали од групата Б, а доколку го комбинирате со вкусните урми, тогаш ќе добиете совршен десерт кој не само што е лесен за приготвување, туку е и многу здрав, а може да го подготвувате и во деновите кога се пости.
-->
Одличен е да го подготвите и во „последен момент“ кога ќе ви се најават гости, зашто за негова подготовка ви се потребни десетина минути.
Потребни состојки:
- 200g урми
- 120g таан
- 20g какао во прав
Начин на подготовка:
- Таанот и една третина од урмите ставете ги во блендер.
- Блендирајте додека не се соедини, додајте уште една третина од урмите и повторно блендирајте. Повторувајте додека не ги ставите сите урми.
- Потоа додајте какао во прав. Повторно блендирајте додека смесата целосно не се соедини.
- Префрлете ја смесата врз лист хартија за печење. Обликувајте правоаголна форма, со рацете.
- Потоа, завиткајте и оставете ги колачињата во фрижидер да постојат најмалку половина час или пак преку ноќ.
- Исечете на 8 парчиња и чувајте ги во фрижидер. Така може да постојат и до 6 дена. Уживајте!
М. Ѓ. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепти од ТикТок кои нема да ги „промашат“ и тие што се помалку вешти во кујна
Похувано пилешко со пармезан, крем супа од брокула и чедар или американски палач...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби
Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат
Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Чизкејк од банани што не се пече – идеален за летните денови
Брзите чизкејк десерти се меѓу омилените на модерните домаќинки затоа што не се ...
По рецептот на баба: Домашни еклери, полнети со фил од ванила и прелиени со чоколаден прелив
Дали сте љубители на домашни еклери, онакви какви што често се приготвуваа и во ...
-->
-->