Рецепт за најмеките палачинки без млеко (може да останат свежи и до два дена)
-->
Еден од триковите за палачинките да бидат свежи и по неколку дена е да ги приготвите без млеко. Подгответе вкусни палачинки и наполнете ги со фил по ваш вкус.
Овој рецепт ќе ви се допадне затоа што е „поекономична“ верзија од традиционалниот, а тестото ќе биде меко и до два дена.
-->
Полнежите може да бидат различни. Солени или слатки. Истовремено, одлични се за оние кои постат.
Како да подготвите вкусни палачинки без млеко?
Потребни состојки:
- 300g брашно;
- 1 лажиче шеќер;
- Прстофат сол;
- ½ лажиче прашок за печиво;
- 1 ќесичка ванилин шеќер;
- 500ml минерална вода;
- 1 филџан масло (за пржење).
Начин на подготовка:
- Во длабок сад се пресејува брашното, па му се додава минералната вода, шеќерот, солта, прашокот за печиво и ванилиниот шеќер;
- Состојките се матат со миксер, додека не се добие густа каша;
- Се додава едно лажиче масло за јадење и се мати уште неколку минути со миксер;
- Во тава за палачинки се ставаат неколку капки масло и се оставаат да се загреат, па се става околу половина црпалка од смесата за палачинки;
- Кога ќе се испече едната страна, палачинката се превртува за да се испече и другата;
- Постапката се повторува сè додека во целост не се потроши тестото за палачинки;
- Пред печење на секоја палчинка во тавата се ставаат по неколку капки масло.
Б. С. Б. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Вкусен колач без печење со ресана и Кока-кола
Сакате да пробате нешто ново, а вкусно? Погледнете го видео-рецептот за колач со...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство
Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Викенд ручек: Мусака ролат со мелено месо и растопен кашкавал
Како да подготвите вкусен ручек со којшто ќе ги изненадите домашните? Пробајте г...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби
Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Вкусни бомбици од 2 состојки за кога немате ништо благо дома
Кога немате ништо благо дома, можете да си подготвите бомбици од само 2 состојки...
Чизкејк од банани што не се пече – идеален за летните денови
Брзите чизкејк десерти се меѓу омилените на модерните домаќинки затоа што не се ...
-->