Популарни коктели со џин - вистинско освежување во топлите летни ноќи
-->
Ако сте од оние што не сакаат премногу измешани вкусови, тогаш едноставниот коктел Рики Џин ќе ве освои. Погледенете како можете да подготвите и вкусен коктел со џин-тоник и лубеница.
Доколку и вие сте од оние што сакаат коктели со џин, тогаш мора да ги пробате овие три.
-->
Три рецепти за коктели што можете да ги подготвите за седенките со пријателите или на забавите:
Негрони
Потребни состојки:
- 30ml џин;
- 30ml вермут;
- 30ml кампари;
- Парче портокал.
Начин на подготовка:
- Сите состојки се ставаат во изладена чаша полна со мраз;
- Мешајте со лажица додека пијалакот да се олади;
- Декорирајте со парче портокал.
Рики Џин
Потребни состојки:
-->
-->
- 60ml џин;
- 15ml свежо исцеден сок од лимета;
- 90ml минерална вода;
- 2 резенки лимон.
Начин на подготовка:
-->
- Во висока чаша се става крукче лимон и мраз;
- Се додава џин, сок од лимета и минерална вода;
- Се меша полека со сламка и се декорира со резенки лимон.
Коктел од џин-тоник со лубеница
Потребни состојки:
-->
- 90мл сок од лубеница;
- 120ml џин;
- 180ml тоник;
- Сок од 2 лимети;
- Парчиња лубеница и лимета.
Начин на подготовка:
- За да направите сок, парчињата лубеница се ставаат во блендер, а потоа се процедуваат со цедалка;
- Во две чаши се става мраз, па сок од лубеница, џин, сок од лимета и на крај се додава тоник;
- Коктелите се декорираат со парчиња лубеница и лимета.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за греен џин со тропско овошје ако сакате да пробате нешто различно
Греениот џин (Glüh Gin) со тропско овошје е одлична замена за класичното варено ...
3 пијалаци што треба да ги пиете пред спиење ако сакате рамен стомак
Овие пијалаци можете да ги пиете пред спиење за да го забрзате метаболизмот и по...
3 есенски коктели што ќе ве натераат да заборавите на летото
Есенски џин-тоник со вкус на цимет и коктел со мед и круши – вкусовите на есента...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка
Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак)
Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
Како правилно се вари турско кафе? Поради неколку грешки (кои сите ги правиме) го уништуваме вкусот
Ставате премногу кафе и дозволувате неколкупати да ви проврие во ѓезвето... Вака...