Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат. Можеш само да им го забавиш процесот на заминување ако им се понижуваш, им го храниш егото, им се закануваш или пак им прогледуваш низ прсти, им го даваш тоа што го имаш и максимум што знаеш и умееш.
Ну, погоди зајец! – Колкумина од вас се сеќаваат на времињата кога на телевизија се емитуваа овие цртани?
„Порано не се учеше школо, се учеше занает“ – често знае да каже мојот 82-годишен дедо. Да се биде занаетчија, да се знае занает, било чест и гордост. Денес, низ скопската чаршија можат да се видат само уште неколку...
Денешниот празник 11-ти Октомври не е само неработен ден на кој со задоволство ќе отпатуваме некаде за да прошетаме, туку ден на храброста. Ден на пожртвуваноста и копнежот за слобода...
Студентскиот живот е академија на животот. Сметам дека самиот процес на студирање е една добра подготовка за истиот. Лекција исполнета со многу предизвици и искушенија кои пред сè имаат...
Кој растел со баба, знае како таа скришно дава пари, чиниш е наркобос. Далеку од очите на дедо, мама и тато, со банкнотата свиткана и превиткана да...
„Тебе штркот те донесе кај мама и кај татко!“ , „Ако си умен Дедо Мраз ќе ти донесе подароци“... Кои се лагите од Вашите родители во детските денови? Кои лаги најчесто ги кажувате вие како родители?
Колачиња со путер и мармалад, гурабии, пиварки, ежиња... Се сеќавате ли на слатките што ги подготвуваа нашите баби и мајки? А се сеќавате ли на ѕидната вага, која служеше за мерење на состојките?
Многу легенди, митови и вистински приказни се раскажуваат и пренесуваат од колено на колено за постоењето на места кои со својата света моќ го кријат спасот на многу жени кои не можат да имаат деца. И на македонска територија има многу вакви места, за кои се верува и се раскажува дека донеле среќа на многу жени и семејства кои со години не можеле да имаат деца. Прочитајте за 3 такви места во нашата држава...
На ќерка ми ѝ облеков фустанче у хулахопчиња, ѝ ја средив фризурата и тргнавме. По пат падна и ги скина хулахопките. Но, она што ме изненади беше тоа што не плачеше затоа што ја болеше повреденото колено, туку затоа што ги скинала хулахопките: „Леле, мамо, си ги скинав хулахопките, сега сите ќе ми се смеат.“ Колкав товар носат нашите деца и дали како родители навистина им помагаме?
Ах, се сеќавате ли кога секој разговор почнуваше со иста шема: Zdr - Zdr. ASL PLS - 15 f Skopje. U? 17 m Struga? ASL PLS беше кратеница од age, sex and location, please, или години, пол, локација, те молам.
Неодамна бев во семејната викендичка со моето семејство, па во приквечерните часовите прошетав низ маалото да ги поздравам соседите што сè уште се немаат иселено.
Мајка го донирала бубрегот за да го спаси своето дете, друга не се откажала од бебето што го носела под градите, иако партнерот ја оставил – Приказните за храбрите мајки од мојот град ме инспирираат и мотивираат. Колку храбри мајки во вашиот град познавате?
Дали некогаш браќа ќе престанат да се караат поради тестаментите со наследство и финансиите? До кога ќе гледаме како сестри не сакаат „очи да си видат“ бидејќи не можат да се договорат која ќе ѝ купи лекови на нивната стара мајка? Зарем и понатаму ќе живееме во време каде одлуката на родителите да се разделат го разделува целото семејство? А што е со солзите на бабите и дедовците кои мораат преку социјалните мрежи да си ги гледаат внучињата бидејќи се илјадници километри далеку од нив?
Животот е сурова игра. Воз кој поминува низ шини и никого не чека. А луѓето во него – трн од кој сериозно можеш да настрадаш доколку не внимаваш. Додека во животот се сè сведува на некаква корист, многу е важно да ги пронајдеме вистинските луѓе. Приказната што мене ми ја раскажа татко ми и денес им ја раскажувам на моите деца, а вреди и вие да ја прочитате.
Расфрлени пуканки насекаде, празни ќеси и конзерви од пијалаци. Седиштата беа преполни со остатоци од храна. Иако канти за отпад имаше на секој чекор, сепак истите беа празни, а грицките беа расфрлени по подот. Додека пак постојаното седење на телефон, сликањето среде филмот, како и разговарањето на телефон, уште повеќе зборуваа за ужасот кој владееше во кино салата.
„Јас сум Ива, и сум шесто одделение во основното училиште „Лазо Ангеловски“. Одам на курс по англиски и на часови по пливање на Олимписки базен. Ах, имавте ли и вие лексикон? „Кажи ми кој ти е симпатија?“ беше најважното прашање од сите, како и последното прашање - „Што мислиш за сопственикот на овој лексикон?“
На 4 години – мама знае сè. На 8 години – мама знае многу. На 12 години – мама не знае сè. На 16 години? – Мајка ми? Таа „нема поим“. На 18 години – оваа старица пораснала со диносаурусите.