Деновиве спортската јавност ги следи случувањата поврзани со втората тенисерка во светот Наоми Осака, откако таа одлучи да се повлече од грен-слем турнирот Ролан Гарос. Претходно тенисерката побара да ѝ биде одобрено да не говори на прес-конференциите по натпреварите за да го заштити сопственото ментално здравје, што беше одбиено, а по ова откако ѝ се заканија со дисквалификација, тенисерката одлучи самата да се повлече.