Бевме на велигденски ручек кај Давор - Dave’s Kitchen: 9 вкусни јадења, вапсани јајца и опуштено дружење

Салата со печурки

Потребно:

  • 1 голема тегла шампињони, ситно исечкани
  • 100g потпечен сусам
  • 100g кашкавал, ситно исечкан
  • 3 кисели краставички, ситно исечкани
  • 200g мајонез
  • сол и мелен црн бибер по вкус

Начин на подготовка:

Во длабок сад промешајте ги сите состојки додека не добиете изедначена смеса. Сервирајте ја оваа салата добро изладена.

crnobelo-na-veligdenski-ruchek-kaj-davor-dave-s-kitchen-9-vkusni-jadenja-vapsani-jajca-i-opushteno-druzhenje-10.jpg

Колач со ананас за совршен десерт

Потребно:

  • 1 голема конзерва ананас, исечкан
  • 3 јајца
  • 150g шеќер
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 1 ½ лажичка прашок за печиво
  • 70g кокос
  • 100g ореви, сечкани
  • 400g брашно

Начин на подготовка:

  • Во длабок сад ставете ги јајцата, шеќерот, ванилиниот шеќер и измешајте ги со рачна маталка.
  • Кога ќе добиете мазна смеса, додајте го ананасот, ситно исечкан, па повторно мешајте за убаво да ја споите смесата.
  • Додадете ги брашното, прашокот за печиво и кокосот па продолжете да мешате.
  • На крај додајте ги и исечканите ореви.
  • Смесата ставете ја во тава која сте ја обложиле со хартија за печење, па печете на 180 степени 40-45 минути.
  • Наросете го со шеќер во прав пред да го послужите.

crnobelo-na-veligdenski-ruchek-kaj-davor-dave-s-kitchen-9-vkusni-jadenja-vapsani-jajca-i-opushteno-druzhenje-37.jpg

Кумановска пита

Потребно:

  • 200ml масло за јадење
  • 200ml јогурт
  • 1 пакетче прашок за печиво
  • 1 лажичка сол
  • 400g брашно
  • 2 јајца
  • 300g сирење

Начин на подготовка:

  • Во длабок сад промешајте ги маслото, јогуртот, пецивото, солта и брашното.
  • Префрлете ја целата смеса во тавче обложено со хартија за печење.
  • Направете глазура од јајцата и сирењето и полејте ја смесата врз тестото.
  • Печете во загреана рерна на 180 степени околу 35-40 минути.

crnobelo-na-veligdenski-ruchek-kaj-davor-dave-s-kitchen-9-vkusni-jadenja-vapsani-jajca-i-opushteno-druzhenje-36.jpg

Прочитајте ги и останатите 3 рецепти:

3 рецепти за велигденската трпеза од кујната на Давор (Dave’s Kitchen)

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Јајца, путер - Како да откриете дали може да ја јадете храната што ви стои долго? Понекогаш, кога ќе го отворите фрижидерот или шкафчето во кое чувате храна, сфаќ...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
10 популарни јадења од целиот свет кои мора да ги пробате барем еднаш во животот Пржена риба со помфрит од Англија и пита со спанаќ, позната и како „spanakopita“...
9 митови за храната во кои не треба да веруваме Дали навистина пуканките се поздрави од чипсот, жолтите јајца се подобри од бели...
8 индиски зачини со кои ќе готвите како професионалец Каранфилче во јадења со зеленчук и ориз, цимет за десерти – бројни зачини од инд...
3 едноставни, но уникатни идеи за фарбање и декорирање јајца (видео) Мермерни јајца со лушпи од кромид или шарени јајца со сода бикарбона – креативни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg