„Погодок ми е што димензијата на фиоките ја правев според организерите кои беа планирани за нив, не барав организери според фиоките. Тешкотија во домаќинството е црниот, гранитен мијалник, кој бара многу внимание и често пребришување со сува крпа за да не остануваат бели флеки од бигор, како и стаклениот параван во туш кабината, кој мора да се пребришува по секое туширање…“, споделува Александра Стојанова (31) за CRNOBELO.com за својот стан во Влае.